Instagram тестира претплатничка услуга „Plus” за околу два долари месечно

4

Meta потврди дека Instagram започнал со тестирање на нова претплатничка услуга наречена Plus на одредени пазари – Филипини, Мексико и Јапонија. За околу два долари месечно, корисниците добиваат ексклузивни функции поврзани со сториите и интеракцијата на платформата.

Цени од еден до два долари

Услугата Instagram Plus досега е забележана на три пазари, со следните цени:

Пазар Цена Приближно во долари
Филипини 65 филипински пезоси ~1 долар
Мексико 39 мексикански пезоси ~2 долари
Јапонија 319 јапонски јени ~2 долари

На сите три пазари, услугата е бесплатна во текот на првиот месец.

Што добиваат претплатниците

Пакетот Plus нуди неколку ексклузивни функции, фокусирани пред сè на сторисите:

  • Креирање повеќе публики за сторис содржините
  • Увид во повторно гледање на сторисите
  • Пребарување на листата на гледачи
  • Преглед (preview) на сторисите пред објавување
  • Продолжување на рокот на истекување на сторисите за дополнителни 24 часа
  • Испраќање „супер срце”
  • Истакнување на сторисите

Засега без информации за глобално ширење

Не е јасно кога или дали тестирањето ќе се прошири и во други земји. Исто така, останува непознато дали услугата ќе биде достапна за сите корисници и дали пакетот на функции ќе остане непроменет или ќе претрпи измени пред евентуалното глобално лансирање.

Македонски