МНР апелира до македонските државјани во Израел да ги следат упатствата – воздушниот простор затворен за цивилни летови
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија упати итен апел до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел внимателно да ги следат официјалните портали за итни случаи и строго да постапуваат според упатствата на надлежните институции. Истовремено, МНР ги повика сите граѓани да се воздржат од патувања кон земјите од регионот до стабилизирање на безбедносната состојба.
Воздушниот простор затворен – сите летови суспендирани
Според информациите добиени од Амбасадата на Република Македонија во Тел Авив, воздушниот простор над Израел е целосно затворен за цивилни летови до понатамошно известување. Сите комерцијални влезни и излезни летови се суспендирани, без конкретна најава за обновување на редовниот воздушен сообраќај.
Амбасадата повикува на следење на Командата на домашниот фронт
Амбасадата на Македонија во Израел објави важно известување со кое ги повикува македонските граѓани кои моментално се наоѓаат во Израел строго да ги следат упатствата издадени од Командата на израелскиот домашен фронт.
Контакти за итна помош
МНР ги потсетува државјаните дека во случај на потреба од помош можат да се обратат на следните контакти:
Амбасада на Република Македонија во Тел Авив:
- Тел: +972 54 500 8566
- Тел: +972 54 967 0546
- Е-пошта: telaviv@mfa.gov.mk
Министерство за надворешни работи и надворешна трговија:
- Тел: +389 75 273 732
- Тел: +389 75 268 736
- Е-пошта: globalsos@mfa.gov.mk
Министерството преку дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив континуирано ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за понатамошниот развој на настаните.