Уапсен поранешниот вицепремиер Артан Груби на граничниот премин Блаце

Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби е лишен од слобода утрово на граничниот премин Блаце при обид за влез во Република Северна Македонија, потврди Министерството за внатрешни работи. Груби, за кого била активна мерка „апси", е приведен во 06:10 часот и задржан за понатамошна постапка.

9

Според соопштението на МВР, Артан Груби (роден на 7 јуни 1977 година) е приведен на 23 февруари 2026 година при влез во државата преку граничниот премин Блаце. За него била активна мерка „апси”, распишана од надлежните органи поради негово непојавување пред правосудните институции.

Судот претходно му имал одредено мерка притвор.

Истрага за случајот со Државната лотарија

Груби е опфатен со истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на службената положба, корупција и прекршување на процедурите за јавни набавки, во рамки на случајот што се однесува на работењето и договорите на Државната лотарија на Северна Македонија.

Според обвинителството, предметот се однесува на одлуки и договори за кои постои сомнеж дека предизвикале значителна финансиска штета на институцијата, проценета на околу 500 милиони денари, односно над осум милиони евра. Во истрагата се наведува дека преку спорни постапки биле фаворизирани одредени економски субјекти.

Кој е Артан Груби?

Артан Груби ја вршеше функцијата прв заменик-претседател на Владата, една од највисоките политички позиции во земјата. Неговото апсење претставува еден од највисокопрофилните случаи на лишување од слобода на поранешен висок функционер во последниот период.

Македонски