Русија започна масовен напад врз енергетската инфраструктура на Украина, воведени итни прекини на струја

10

Русија започна масовен напад врз енергетската инфраструктура на Украина во раните утрински часови, предизвикувајќи итни прекини на електричната енергија во повеќето региони, соопшти државниот оператор „Укренерго“, потврдувајќи дека нападите сè уште се во тек.

Нападите биле регистрирани низ целата земја, вклучително и во западна Украина. Украинските воздухопловни сили пријавија активност на беспилотни летала во регионот Лавов, во близина на градот Ходирив, околу 5:30 часот по локално време, објави „Киев Индепендент“.

Набргу потоа, експлозии биле слушнати во Бурштин, во регионот Ивано-Франкивск, јави „Суспилне“, повикувајќи се на локални дописници.

Гувернерот на регионот Лавов, Максим Козицки, предупреди на нова закана откако ракети биле забележани во близина на соседниот регион Тернопол. Воздухопловните сили, исто така, пријавиле ракети насочени кон регионите Лавов и Ивано-Франкивск.

Поради нападите, воведени се итни прекини на електричната енергија во регионите Киев, Одеса и Дњепропетровск, соопшти енергетската компанија ДТЕК.

Македонски