Запленети 21 тон марихуана од фирмата „CBD Medplant“ во голема полициска акција

9

Во голема полициска акција спроведена утрово, од фирмата „CBD Medplant“ биле запленети вкупно 21 тон марихуана.

Според првичните информации, станува збор за количини произведени под сомнение за злоупотреба на дозволите за одгледување канабис за медицински цели. Акцијата повторно ги отвора прашањата за начинот на издавање и контролирање на лиценците, како и за можноста за постоење организирани криминални мрежи и евентуална политичка заштита во овој сектор.

Надлежните институции најавуваат дека истрагата продолжува и дека во наредниот период се очекуваат дополнителни информации, како и можни приведувања. Од нивна страна се ветува целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорноста.

Македонски