Балкоски: Олимписка лекција за современ патриотизам

48

Поранешниот министер за Транспорт и врски и актуелен ген.сек на ВМРО-Народна партија, Љупчо Балкоски преку социјалните мрежи упати апел до Владата како во иднина Македонија треба да се претставува во Европски рамки, особено поради фактот дека Скопје е избран за европски град на културата за 2028 година.

„Со свеченото отворање , започнаа 25 Зимски Олимписки Игри во Италија. На глобалниот спектакал, во свој стил, Италија на најдобар начин ја претстави својата култура, специфичности и иднина, каде што се истакна дека нивната култура припаѓа на заедничкиот свет.
Преку спортски настан, ова претставува пример како во современиот свет се претставува културата, уметноста, спортот, патриотизмот, идентитетот на една држава, за универзална олимписка хармонија.
Пример како треба и Македонија да се претставува во Европа и светот, како Скопје треба да се претстави како Европски град на културата. Пример и за Владата, дека
Патриотизмот се докажува со верување на развој во иднината, а не застанати во минатото и немање храброст за нови предизвици.
Иднината на младите во Македонија е во заедничка Европа со градење на сопствените и заедничките вредности, во барање и постигнување на мир во овие комплициран период, во градење на идни хумани општествени развои.“
Македонски