Угостителските услуги поскапеа за 3,4% на годишно ниво

2

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на декември 2025 година, додека во споредба со јануари минатата година се повисоки за 3,4 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

На месечно ниво, угостителите во јануари ги зголемиле цените на храната за 0,3 проценти, а на алкохолните пијалаци за 0,2 проценти. Цените на безалкохолните пијалаци и на услугите за ноќевање останале непроменети во однос на декември 2025 година.

На годишна основа, најголемо поскапување е забележано кај алкохолните пијалаци, чија цена е зголемена за 9,1 процент. Следуваат храната со раст од 7,8 проценти и безалкохолните пијалаци, кои поскапеле за 5,3 проценти.

За разлика од другите услуги, цените на ноќевањата во јануари 2026 година се пониски за 12,3 проценти во споредба со истиот месец лани.

Инаку, во текот на 2025 година, во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги во целина биле зголемени за 4,8 проценти.

Македонски