Блокиран патот на обиколницата над Битола по протест на жители од Баир

14

Сообраќајот на обиколницата над Битола е целосно во прекин откако жители од битолската населба Баир излегоа на протест и запалија оган на коловозот, со што го попречија движењето на возилата.

Причина за протестот е одземањето на две возила од страна на полицијата, откако возачите биле затекнати без возачка дозвола, односно без положен возачки испит.

Патот во моментов е затворен за сообраќај, а полициски екипи се на терен и го обезбедуваат местото. Засега нема информации кога ќе биде нормализиран сообраќајот.

Македонски