Француското обвинителство во Лил поднесе обвинение против десет мажи, на возраст од 29 до 50 години, за тешки кривични дела поврзани со сексуално насилство врз петгодишно дете. Според обвинението, во злосторствата учествувал и таткото на детето, кој е обвинет за инцест и соучество.
Истрагата е отворена на 15 февруари 2025 година, а според наодите, делата биле извршувани во периодот од ноември 2024 до февруари 2025 година. Обвинителството наведува дека осомничените користеле наркотични средства, при што детето исто така било дрогирано.
За делата за кои се товарат, обвинетите се соочуваат со максимална казна доживотен затвор. Еден од осомничените, кој бил опфатен со истрагата, извршил самоубиство минатото лето додека се наоѓал во притвор.
Случајот предизвика силна јавна осуда во Франција, а истрагата продолжува со цел целосно расветлување на околностите и утврдување на одговорноста на сите инволвирани.