Фрлена експлозивна направа врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград

3

Во раните утрински часови во дворот на семејната куќа на пејачот Здравко Чолиќ на Дедиње била фрлена експлозивна направа. Според првичните информации, во инцидентот нема повредени лица.

Како што се наведува, силна детонација била слушната рано наутро, а се претпоставува дека станува збор за рачна бомба фрлена во дворот на куќата на Чолиќ, која се наоѓа на улицата „Стојан Ќелиќ“.

На местото на настанот се присутни припадници на Министерството за внатрешни работи, како и дежурен јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство во Белград. Дел од улицата е блокиран за сообраќај.

Истрагата е во тек, а надлежните засега не соопштуваат дополнителни детали за околностите и можните мотиви за инцидентот.

Македонски