Јапонија доделува грантови од над 80 илјади евра за здравство и противпожарна заштита во земјава
Амбасадорката на Јапонија, Сецуко Кавахара, денеска ќе потпише два нови договори за грант во рамки на Програмата за мали грантови за основни човекови потреби и човекова безбедност (GGP), во вкупен износ од 81.956 евра.
Како што соопшти Амбасадата на Јапонија, договорите се однесуваат на два значајни проекти – набавка на ехо апарат за ЈЗУ Универзитетска клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболички заболувања, како и обезбедување теренско противпожарно возило за општина Свети Николе.
Церемонијата на потпишување на договорите ќе се одржи во просториите на Амбасадата на Јапонија.