АМСМ: Сообраќајот се одвива во зимски услови, апел за зголемена внимателност на критичните делници
Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива во зимски услови, но коловозите во најголем дел се суви, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Од таму апелираат возачите да управуваат внимателно и да ја приспособат брзината на условите на патот, особено на делниците кои минуваат низ котлини и клисури, каде постои зголемен ризик од појава на одрони.
Како посебно критични делови од патната мрежа, АМСМ ги издвојува следните правци:
-
Катланово – Велес
-
Маврово – Дебар – Струга
-
Виница – Берово
-
Кочани – Делчево
Надлежните служби ги потсетуваат возачите и дека патниот правец Охрид – Ресен, кој минува преку Националниот парк Галичица, останува затворен за сообраќај за сите видови возила. Забраната ќе важи до 31 март 2026 година.
АМСМ препорачува редовно информирање за состојбата на патиштата пред секое патување и почитување на сообраќајната сигнализација, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.