Светот ја пречекува 2026 година: Новата година веќе пристигна во Азија и Австралија
Повеќе азиски земји денеска во 18 часот по средноевропско време ја дочекаа Новата 2026 година, меѓу кои Виетнам, Тајланд, Камбоџа, како и западните делови на Индонезија.
Еден час претходно, Новата година започна и во Кина, Малезија, Сингапур, Филипините и во уште неколку земји од регионот.
Уште порано, во 16 часот по средноевропско време, 2026 година беше дочекана во Јапонија, Северна Кореја и Јужна Кореја.
На источниот брег на Австралија, Новата година пристигна во 13 часот по средноевропско време, проследена со спектакуларни огномети во Сиднеј кај операта, Мелбурн и други градови.
Еден час пред Австралија, Нов Зеланд ја пречека 2026 година во 12 часот по средноевропско време, со огномети и свечени прослави низ целата земја.
За целата планета да влезе во Новата 2026 година потребни се вкупно 26 часа. Последни во новата година ќе влезат Бразил, во 4 часот наутро по средноевропско време, потоа Њујорк во 6 часот и Лос Анџелес во 9 часот.