Силна експлозија пред банка во Солун, причинета материјална штета

7

Силна експлозија што се случи во текот на ноќта пред филијала на банка во населбата Евсомос во Солун предизвика материјална штета на околните згради и на неколку паркирани возила, јави дописничката на МИА од Атина.

Од експлозијата нема повредени лица, а според првичните информации, не ѝ претходел предупредувачки повик или какво било друго известување.

Како што пренесува државната телевизија „ЕРТ“, детонацијата била толку силна што се слушнала и на оддалеченост поголема од еден километар. Најмалку седум паркирани автомобили, како и објекти во непосредната околина, претрпеле значителна материјална штета.

Грчката полиција започна истрага за утврдување на околностите на инцидентот, а на терен интервенира и специјалната единица за деактивирање експлозивни направи.

Македонски