Полска ги крена борбените авиони поради руски напади во западна Украина
Полски и сојузнички борбени авиони утрово полетаа со цел заштита на полскиот воздушен простор, откако Русија изврши воздушни напади врз западна Украина, во близина на полската граница.
Според соопштението на полската армија, објавено на платформата Икс, покрај авијацијата во состојба на висока готовност биле ставени и копнените системи за противвоздушна одбрана, како и радарските системи за извидување.
Од армијата нагласуваат дека мерките се превентивни и имаат за цел да се обезбеди безбедноста на воздушниот простор на Полска, особено во регионите што се наоѓаат во непосредна близина на зоните погодени од нападите.
Засега нема информации за нарушување на полскиот воздушен простор или за инциденти на територијата на земјата.