Најстудено утрово во Берово со -2 степени, дожд и снег најавени за вечерва
Најниската температура утрово е измерена во Берово – минус 2 степени, додека највисоки 4 степени се регистрирани во Гевгелија, Претор, Прилеп и Битола, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје, на мерното место Зајчев Рид, утрово се измерени 2 степени.
Според податоците на УХМР, 0 степени се измерени во Крива Паланка, Тетово, Струмица и Маврови Анови, 1 степен во Куманово и Виница, 2 степени во Штип, Велес, Кавадарци и Крушево, а 3 степени во Охрид и Демир Капија.
Временска прогноза за денеска
Денеска времето ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Максималната дневна температура ќе се движи од 5 до 10 степени.
Времето во Скопје
Во главниот град ќе биде променливо облачно и тивко, со појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат повремени врнежи од дожд, а максималната температура ќе достигне околу 6 степени.