Прекин на водоснабдување во Козле поради уличен дефект
Поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Крчин“ бр. 4а и 4б, денес од 9:40 часот без вода ќе останат корисниците на неколку улици во скопската населба Козле.
Прекин во водоснабдувањето ќе имаат жителите на улиците „Крчин“, делови од „Леринска“ и „Милaн Марковиќ“, како и на улицата „Пијанец“.
Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ работат на санирање на дефектот, по што водоснабдувањето ќе биде нормализирано.