Заврши ли војната на конзолите?

5

🎮 Крајот на ексклузивите? Xbox игрите пристигнуваат на PlayStation и Nintendo!

Microsoft официјално ја менува својата стратегија – наместо да ги задржи најдобрите игри само за Xbox, компанијата се реши за вкрстена дистрибуција, со што ќе овозможи гејмерите на различни платформи да уживаат во Xbox насловите. ✅

Фил Спенсер изјави:

“Веќе не се обидуваме да ги префрлиме сите играчи на Xbox.”

Што значи ова?

👉 Игри како Indiana Jones: The Great Circle и Starfield ќе бидат достапни и за PlayStation 5, а се најавува и поддршка за Nintendo Switch 2.
👉 Повеќе гејмери, повеќе забава – без разлика која конзола ја користите.
👉 Xbox останува тука – со нова генерација конзоли на повидок, како и најавена џебна конзола! 🔥

Оваа промена може да значи крај на „војната на конзолите“ и почеток на една нова ера каде што игрите се поважни од уредите на кои ги играме.

 Што мислите вие – дали ова е добар потег од Microsoft?

Makedonski