Меѓународниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ во Битола

Каде во Македонија е снимен првиот филм?

14

Оставајќи трајно културно наследство браќата Јанаки и Милтон Манаки во 1905 година го снимиле првиот филм во регионот, а преку објективот документирале важни општествени и политички моменти од почетокот на 20. век, а нивното наследство живее преку Меѓународниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ кој се одржува токму во Битола.

Едно од првите професионални студија на Балканот било отворено во 1898 година од страна на Јанаки, подоцна му се приклучил и неговиот брат Милтон и така започнале да работат заедно под името „Браќа Манаки“. Не само што документирале портрети, семејни фотографии, туку често опфаќале и сцени од секојдневниот живот, градски улици и историски настани.

Во 1905 година, браќата Манаки купиле кинематографска камера Bioscope 300 од Лондон – со тоа станале првите филмски сниматели на Балканот!

🎞️ Документарната сцена „Нашата баба Деспина“ од нивната 114-годишна баба како преде волна во село  – се смета за првиот снимен филм во регионот. Се разбира подоцна снимиле над 50 кратки документарни и репортажни филмови меѓу кои и: Политички настани, Посети на кралеви и цареви, Воени паради и општествени моменти низ Македонија, Србија, Османлиската Империја и подоцна Кралството Југославија.

Како основоположници на филмската уметност во Македонија тие се се и визуелни хроничари на една цела епоха, но и инспирација за идните генерации уметници и истражувачи.

Нивната работа претставува културно и историско богатство – со оглед дека фотографии и филмски ленти сеуште се чуваат во архивата на Македонија, Србија и Романија.

Во чест на нивното дело е основан и Меѓународниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ во Битола во 1979 година, кој секоја година им оддава почит на кинематограферите од светот. Овој фестивал се смета за најстар и единствен во светот посветен токму на креативноста на кинематограферите (operatори на камера) – од каде што и произлегува и идејата секоја година да се доделува наградата Camera 300.

Во Битола на плоштадот има споменик и мурал посветени на нив.

Септември е месец на ретроспективни приказни, премиери и специјални проекции – моќна комбинација на уметничка инспирација и професионална размена.

Дали Вие ќе бидете дел?

Македонски