ОД АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И СКЕНДЕРБЕГ ДО ОРВЕЛ И ВАШИНГТОН: ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ ги утврдија првите 74 предлози за нови имиња на улици во Тетово

236

Комисијата за именување на улици при Општина Тетово денеска го одржа својот прв состанок, на кој беа утврдени првичните предлози за преименување на градските сообраќајници. Мнозинството составено од коалицијата ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ стави на гласање листа од 74 имиња, која опфаќа македонски и албански историски дејци, светски метрополи, како и великани на светската книжевност.

Процесот за промена на имињата на улиците во Тетово официјално започна. Откако неодамна Уставниот суд ја поништи одлуката од 2007 година поради процедурални пропусти, локалната власт предводена од ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ излезе со нов предлог-список.

Листата со 74 предлози се карактеризира со голема разноликост. Во неа се вклучени значајни фигури од македонската историја (Александар III Македонски, Цар Самуил, Крсте Петков Мисирков, Христо Узунов), како и великани од албанската историја и култура (Ѓерѓ Кастриоти Скендербег, Фан Ноли, Исмаил Кадаре, браќата Фрашери).

Покрај домашните и регионалните дејци (вклучувајќи ги и Мустафа Кемал Ататурк и Тургут Озал), забележливо е дека дел од тетовските улици се планира да го понесат името на светски метрополи како Вашингтон, Лондон, Париз и Берлин. Исто така, оддадена е почит и на светската литература со предлози улици да се именуваат по Џорџ Орвел, Ернест Хемингвеј, Франц Кафка и Милан Кундера.

Ова се првичните предлози кои поминаа на првиот состанок на надлежната општинска комисија.

Во продолжение е целосната листа од 74 предложени имиња:

  1. Абдилазис Ислами
  2. Мурат Исаку
  3. Фан Ноли
  4. Али Ефенди
  5. Ремзи Несими
  6. Гани Јахја
  7. Али Вишко
  8. Абдилбаки Бајрами
  9. Ѓерѓ Кастриоти Скендербег
  10. Мајка Тереза ​​(Гонџе Бојаџиу)
  11. Ферид Мурад
  12. Браќата Фрашери
  13. Исмаил Кадаре
  14. Миѓени
  15. Луран Ахмети
  16. Линдита Ахмети
  17. Тургут Озал
  18. Вашингтон
  19. Лондонска
  20. Брисел
  21. Анкара
  22. Виенска
  23. Париска
  24. Берлинска
  25. Рим
  26. Милан Кундера
  27. Франц Кафка
  28. Ернест Хемингвеј
  29. Џорџ Орвел
  30. Марин Барлети
  31. Пјетер Богдани
  32. Ѓон Бузуку
  33. Елена Ѓика
  34. Митруш Кутели
  35. Кадри Роши
  36. Севасти Ќиријази
  37. Ваче Зела
  38. Авни Мула
  39. Зеф Колумби
  40. 8 Март
  41. 1 Мај
  42. Хаќим Мемеди
  43. Горна Чаршија
  44. Мустафа Кемал Ататурк
  45. Леке Дукаѓини
  46. ​​Абдурахман Паша
  47. Нора е Келменди
  48. Олимпија
  49. Пјетер Буди
  50. Рефик Јахја
  51. Тиш Даија
  52. Александар Мојсиу
  53. Беким Фехмиу
  54. Хармонија
  55. Александар III Македонски
  56. Филип II Македонски
  57. Цар Самуил
  58. Гаврил Радомир
  59. Јован Владислав
  60. Карпошово востание
  61. Дедо Иљо Малешевски
  62. Трајче Цветановски – Бајрактар
  63. Тихомир Крстовски (Томе Голубар)
  64. Бранко Гапо
  65. Панче Васоски – Камџик
  66. Јон Исаја
  67. Иван Наумов – Алабакот
  68. Петар Поп Арсов
  69. Христо Узунов
  70. Крсте Петков Мисирков
  71. Борка Аврамова
  72. Блага Алексова
  73. Софре Ѓорѓески
  74. Тодор Тетовчето

Останува да се види како овие предлози ќе поминат низ понатамошната законска процедура, која наложува и добивање согласност од централната власт.

Македонски