ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Летно работно време за зонското паркирање во Скопје
Јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје ги информира корисниците дека од вчера, 1 јуни 2026 година (понеделник), стапува на сила летното сметање на работното време на сите јавни површини наменети за зонско паркирање.
Согласно новиот распоред, наплатата во зоните А, Б, Ц и Д ќе се врши во следниот термин:
- Понеделник – Сабота: од 07:00 до 23:00 часот.
Од претпријатието упатуваат апел до сите возачи да бидат внимателни при паркирањето и навремено да вршат наплата на услугата преку СМС порака или мобилна апликација, со цел да се избегнат санкции и блокирање на возилата.
Летниот режим на наплата е воведен за да се обезбеди подобар ред и поголема достапност на паркинг-местата во периодот кога фреквенцијата на движење во градот е зголемена и во доцните вечерни часови.