СДСМ: После ЗНАМ, се распаѓа и ВМРО-ОКГ – внатрешни конфликти, фракции и повлекување на Сотир
После распадот на ЗНАМ, напуштањето на претеникот Цеков и советничката во Прилеп, започнува распад и во самата ВМРО-ОКГ.
Криминалната организација на Христијан Мицкоски е зафатена од сериозни внатрешни конфликти, фракции поврзани со Никола Груевски, внатрешна чистка со отстранување на сите потпретседатели, заминување на градоначлникот Сотир Лукровски.
Очигледно е дека Лукровски не сакал да биде дел од шеми поврзани со урбанистички планови, легализации, градежни интереси и сомнителни финансиски трансфери кои ги турка Мицкоски.
Луѓето почнуваат да сфаќаат дека биле злоупотребени и вовлечени во систем на криминал, злоупотреби и корупција за кој наскоро ќе мора да се одговара.
Дали бизнис шемите за така наречниот проект „Скопје на Вода“ по примерот на „Белград на вода“ ја прелеале чашата многу бргу ќе се дознае.
Но јасно е дека сѐ повеќе членови и функционери и во ЗНАМ и во ВМРО се свесни дека по падот на Орбан започнуваат сериозни истраги за политичко-криминалните мрежи во регионот.
ЗНАМ, како сателитска групација создадена од отпадници од СДСМ, предводена од Максим Димитриевски, а финансирана од Мицкоски, веќе се распаѓа. Сега истото му се случува и во ВМРО-ОКГ