Празнични бомбици – брзи, лесни и неодоливи

4

❄️ Празнични бомбици од срце🍫🤍

Надвор студено, внатре топло.

Мирис на растопена чоколада, чајче на масата, Netflix во позадина и моменти исполнети со љубов. ☕📺✨

📝 Рецепт за совршени слатки задоволства:

• 300 г мелени бисквити

• 100 г мелени ореви

• 100 г шеќер во прав

• 2 лажици какао

• 100 мл млеко

• 100 г путер или маргарин

• 1 ванилин шеќер

• малку рум (по желба)

• цели бадеми / лешници (за внатре)

• 150–200 г чоколада за готвење (за валкање)

👩‍🍳 Подготовка:

Се мешаат сите суви состојки, се додава загреаното млеко со путер, се заедно се меша и се добива мека смеса.

Во секоја бомбица се става по еден бадем или лешник – како мало изненадување.🤍

Чоколадата се растопува на тивок оган а потоа бомбиците се валкаат во неа и се оставаат да се стегнат, по желба се декорираат во зависност од вашата имагинација и креативност.

Совршени за тивки зимски вечери, кога љубовта е во малите работи ❄️🍫✨

Македонски