Собранието ги прими предлозите за нови министри: Сали за европски прашања, Хоџа за животна средина

6

Од Собранието потврдија дека се примени имињата на новите кандидати за министерски функции во Владата. Според доставените предлози, Беким Сали е номиниран за вицепремиер и министер за европски прашања, додека Мухамет Хоџа е предложен за министер за животна средина и просторно планирање.

Пред престојното именување, Собранието најпрво ќе треба да расправа и да донесе одлука за разрешување на актуелниот министер за европски прашања, Орхан Муртезани, се наведува во официјалното соопштение од законодавниот дом.

Makedonski