Облачно и дождливо време, со снег на планините и пониски температури

7

Денеска времето ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд кои локално, особено во источниот дел од државата, ќе бидат поинтензивни, информира УХМР.

На планинските предели врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои повисоки места е можно и краткотрајно мешање на дожд и снег.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринските температури ќе се движат од 3 до 8 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 6 и 11 степени.

Во Скопје се очекува претежно облачно време со повремени дождови и слаб до умерен северен ветер. Температурите во главниот град ќе се движат од 5 до 9 степени.

Makedonski