Аца Лукас настапувал без дозвола – поднесена прекршочна пријава
При акциска контрола во повеќе угостителски објекти на подрачјето на Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци и Одделението за криминалистички работи при СВР Велес, заедно со инспектори од Регионалниот центар за гранични работи Југ, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и УЈП, утврдиле неправилности во еден од локалите.
Во еден угостителски објект било констатирано дека лицето А.В., странец, настапувал без неопходна дозвола за работа. Против него е поднесена прекршочна пријава согласно член 217 став 1 точка 2 од Законот за странци.
Основниот суд Кавадарци веќе изрекол парична казна за сторениот прекршок.
Претходно во медиумите од стрна на менаџерот на Аца Лукас беше кажано дека причината за приведувањето биле „македонското знаме како и директна нарачка од Христијан Мицковски“.