Македонија во полуфинале од плеј-офот против Данска за пласман на СП 2026
Македонската фудбалска репрезентација ќе гостува кај Данска во полуфиналниот дуел од плеј-офот за пласман на Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Како неносител, Македонија ќе го одигра овој меч на гостински терен.
Доколку ја надмине Данска, Македонија во финалето ќе се соочи со победникот од средбата меѓу Чешка и Република Ирска. Ирска веќе е одредена како домаќин на финалниот дуел од оваа плеј-оф патека.
Полуфиналните натпревари се закажани за 26 март, додека финалните се играат на 31 март. Во другите полуфиналиња ќе се сретнат: Велс – Босна и Херцеговина, Полска – Албанија, Словенија – Косово и Италија – Северна Ирска.
Македонија го заврши квалификацискиот циклус со тежок пораз од 7:1 на гостувањето кај Велс, резултат што ја позиционираше на третото место во групата и ја смести во најслабо рангираниот, четврти шешир на ждрепката за плеј-офот.
Во интерконтиненталниот плеј-оф, Нова Каледонија ќе игра против Јамајка, а победникот ќе се соочи со ДР Конго во финалето. Во другата патека, Боливија ќе се сретне со Суринам, а подобриот од овој дуел ќе игра против Ирак за место на Светското првенство 2026.