Земјотрес почувствуван во североисточна Македонија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 15:48 часот регистрира земјотрес со епицентар во пограничното подрачје кај Благоевград, на околу 124 километри југоисточно од Скопје.
Земјотресот имал локална магнитуда ML 3.2.
Според првичните податоци, потресот бил почувствуван во североисточните делови на државата – Делчево, Виница и околината – со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.