Европската комисија формира нова разузнавачка единица под водство на Урсула фон дер Лајен

5

Европската комисија (ЕК) започна со формирање нова разузнавачка единица под директно раководство на претседателката Урсула фон дер Лајен, со цел да се подобри користењето и координацијата на информациите собрани од националните шпионски агенции, објави британскиот весник „Фајненшл тајмс“.

Според извештајот, единицата ќе биде воспоставена во рамките на Генералниот секретаријат на Европската комисија и ќе има задача да ги обедини претставниците на различни разузнавачки структури од земјите-членки на ЕУ. Нејзината цел е да се овозможи поефикасна размена и анализа на безбедносни информации за потребите на заедничката европска политика.

Весникот наведува дека четири извори запознаени со процесот ја потврдиле иницијативата, додека новинската агенција „Ројтерс“ засега не успеала независно да го потврди извештајот.

Makedonski