Пјастри излета, Норис најбрз на спринтот во Бразил

0

Во најава е интересна завршница на сезоната во Формула 1 по денешниот спринт за ГН на Бразил. Оскар Пјастри излета на стартот од денешната спринт трка и со тоа остана без бодови. Судиите донесоа одлука да има рестарт, а тоа го искористи неговиот клупски колега од Мекларен Ландо Норис.

Тој беше најбрз на спринтот и освои важи осум поени и сега има девет поени предност во генералниот пласман.

За конечниот исход во генералниот пласман секако може да влијае и денешниот пласман на Кими Антонели и Џорџ Расел од Мерцедес, кои завршија пред Макс Верстапен од Ред Бул, кој заврши како четврти.

Со освоените пет поени и тој остана во трката за шампионската титула.

Генерален пласман: Норис 365 поени, Пјастри 356, Верстапен 326.

Трката за ГН на Бразил се вози утре, а до крајот на сезоната има уште трки во Лас Вегас, Катар и во Абу Даби.

Makedonski