Пронајдено безживотно тело на млада девојка во Тетово

7

Безживотно тело на младо женско лице вечерва е пронајдено меѓу зградите спроти Центарот за социјални работи во Тетово. По пријавата до СВР Тетово, полициски екипи излегоа на терен и извршија увид, а на местото на настанот присуствува и јавен обвинител.

Според првичните, неофицијални информации, се претпоставува дека станува збор за девојка од Косово, која студирала во Тетово. Причината за смртта засега не е позната, а повеќе детали се очекуваат по завршувањето на истрагата.

Makedonski