Сончева недела со утринска магла и температури до 23 степени

4

Утрово најниската температура во земјата е измерена во Берово и изнесувала -1 степен, додека во Струмица термометрите покажале 2 степени. Во Тетово и Демир Капија се измерени 3 степени, а 5 степени се забележани во Скопје – Петровец, Крива Паланка, Битола, Гевгелија, Прилеп, Штип, Велес, Кавадарци, Маврови Анови и Лазарополе.
Во Скопје – Зајчев Рид и Куманово утринската температура достигнала 6 степени, во Охрид, Претор и Попова Шапка 7 степени, а најтопло било во Виница и Крушево, каде што се измерени 8 степени.

Изутринава по одделни котлини има појава на слаба магла, но во текот на денот се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Дневните температури ќе се движат од 18 до 23 Целзиусови степени.

Во Скопје, наутро во пониските делови од котлината е забележана слаба магла, а во текот на денот времето ќе биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 21 степен.

Makedonski