Делегации од Кина и САД на разговори во Куала Лумпур за економските и трговските односи
Делегации од Кина и САД денеска се состанаа во Куала Лумпур, главниот град на Малезија, каде што се одржаа разговори фокусирани на економски и трговски прашања.
Според соопштението на кинеското Министерство за трговија, двете страни ќе одржат консултации за главните теми поврзани со економските и трговските односи, во согласност со консензусот постигнат меѓу шефовите на државите на двете земји за време на нивните телефонски разговори оваа година.
Кинеската делегација ја предводи вицепремиерот Хе Лифен, кој е и член на Политичкото биро на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина.
Според американските медиуми, Пекинг и Вашингтон се обидуваат да стават крај на трговската војна, која веќе неколку години создава тензии и влијае врз глобалните пазари.