Независниот кандидат Сашо Пивковски се повлече од трката за градоначалник на Могила

15

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Могила, Сашо Пивковски, ја повлече својата кандидатура пред вториот круг од локалните избори.

Во објавата на својата официјална страница, Пивковски посочи дека одлуката ја донел во интерес на граѓаните и општината.

„Сфатив дека политиката не смее да создава поделби меѓу луѓето, особено не меѓу пријатели и семејства. Нашата сила е во заедништвото, не во поделбите“, напиша Пивковски.

Тој соопшти дека ја дава својата поддршка на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, неговата матична партија.

Со неговото повлекување, во трката за градоначалник на Могила останува само актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Драганчо Саботковски.

Makedonski