Лутите ривали ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-Народна партија доминираа на денешното чествување пред споменикот „Основачи на ВМРО“ во „Жена борец“ паркот
Интересна но и помалку несекојдневна глетка на денешното чествување на „23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба“ пред споменикот „Основачи на ВМРО“ во „Жена борец“ паркот во Скопје.
Имено, покрај министрите и делегациите на институциите, на настанот можеа да се забележат само делегации од политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-Народна.
Покрај церемонијата на чествување во истиот термин и на истата локација се одржуваше и маратонската трка „23 октомври“.
Освен политичките партии пред споменикот се поклонија и делегации од кабинетот на Претседателката на Македонија, армијата како и министрите за внатрешни и култура, градоначалникот на Гази Баба, новоизбраната градоначалничка на Кисела Вода како и кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.