ЕХФ Лига на шампионите се проширува од 16 на 24 екипи

5

Големи промени во европскиот ракомет! Европската ракометна федерација (ЕХФ) официјално потврди дека од следната сезона Лигата на шампионите ќе се прошири од 16 на 24 екипи.

Новата структура предвидува шест групи со по четири екипи, кои ќе играат „дома и гости“. Првите две од секоја група ќе продолжат во следната фаза, додека третопласираните и четвртопласираните тимови ќе преминат во Европската лига.

Со овој потег, ЕХФ најавува вистинска ракометна револуција – повеќе натпревари, поголема конкуренција и нови можности за клубовите ширум Европа. Очекувањата се дека новиот формат ќе донесе свежина, подобра динамика и уште повеќе возбуда на континенталната сцена.

Makedonski