Дарио Ивановски го освои 21. Виз Ер Скопски маратон – победа посветена на македонскиот народ

10

На големо задоволство на целокупната македонска спортска јавност, нашиот најдобар атлетичар Дарио Ивановски е победник на 21. издание на Виз Ер Скопскиот маратон.

Ивановски до својот втор триумф на домашниот маратон стигна со време од 2 часа, 14 минути и 50 секунди, а со тоа ја заслужи и титулата балкански шампион, бидејќи годинава во рамки на маратонската трка се одржуваше и Балканското првенство.

По победата, Дарио емотивно изјави дека ја посветува на целиот македонски народ, а со насмевка додаде дека по исцрпувачката трка најмногу посакува – хамбургер и нешто слатко.

Второто место му припадна на Џелиус Кипчоеч од Кенија, кој заостана само 30 секунди зад Ивановски, додека трет финишираше Давити Карашвили од Грузија.

Годинашното издание на Скопскиот маратон беше најмасовно досега, со над 14.000 натпреварувачи од 58 земји, кои го претворија главниот град во вистински празник на спортот и издржливоста.

Makedonski