Нов систем за влез/излез во ЕУ од 12 октомври

4

Системот за влез/излез во Европската Унија ќе започне со постепена примена од 12 октомври, најави евроамбасадорот Михалис Рокас. Мерката има цел да ја зголеми безбедноста на сите гранични премини, но и да го олесни процесот на патување.

„Граѓаните од трети земји ќе треба еднаш да се регистрираат со отпечаток од прст и фотографија. Откако тоа ќе се направи, при секое следно патување ќе можат да користат автоматизиран влез на аеродромите и граничните премини“, изјави Рокас.

Тој појасни дека системот ЕТИАС не е ист со системот за влез/излез и апелираше да не се создава конфузија кај патниците.

Makedonski