Спанулис најде утеха после лекцијата од Босна: Грција никогаш не успеавала кога победувала се во групата!
Селекторот на кошаркарската репрезентација на Грција, Василис Спанулис, беше видно лут откако неговиот тим го претрпе првиот пораз во групната фаза на Евробаскетот, откако селекцијата на Босна и Херцеговина славеше со 80:77.
Сепак, кога „се олади главата“ на еден од најдобрите плејмејкери во историјата на овој спорт, Спанулис сфати дека можеби има и нешто добро во тоа што неговиот тим изгуби во групната фаза.