Европската централна банка подготвува воведување дигитално евро

4

Готовината сè повеќе го губи приматот во плаќањата низ еврозоната, а дигиталните трансакции стануваат доминантни. За да го зачува монетарниот суверенитет и да понуди јавна алтернатива на приватните платежни системи, Европската централна банка (ЕЦБ) работи на воведување на дигитално евро.

Новата валута ќе функционира како дополнување на физичката готовина, овозможувајќи брзи и бесплатни плаќања преку дигитален паричник. Корисниците ќе можат да додаваат средства од банкарска сметка или во готово, а ЕЦБ уверува дека приватноста ќе биде заштитена, без следење на лични податоци или купувачки навики.

Во последните пет години, користењето готовина во еврозоната опадна од 68% на 40% од вкупните трансакции, што ја нагласува потребата од јавна дигитална алтернатива наместо зависност од странски и приватни решенија.

Проектот моментално е во подготвителна фаза која ќе трае до октомври 2025 година. По тоа ќе следи законодавна процедура и развој, со што дигиталното евро би можело да стане реалност во периодот меѓу 2027 и 2029 година.

Makedonski