Илинденска делегација на ВМРО-Народна партија во Пелинце

258

По повод празникот 2 август – „Денот на републиката – Илинден“ во „меморијалниот центар АСНОМ“ во Пелинце оддаде почит и положи свежо цвеќе делегација на ВМРО-Народна партија предводена од генералниот секретар, Љупчо Балкоски.

Оддаваме почит на сите херои за нивниот идеал и нивната борба за слободна Македонија.

рече Балкоски и укажа на тоа дека токму овој „концепт на чествување без политички говори е најдостоинствен начин за чествување на вакви големи национални празници“.

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски пак на својата Фејсбук страница исто така го честиташе „Илинден“ и отвори дилема:

Најголем крик за на македонскиот народ за слобода! За жал сеуште немаме објаснување зошто ВМОРО не ги постави никогаш идентитетските барања од султанот: Македонски милет, Македонска нација, Македонски јазик, Македонска црква.

напиша Георгиевски.

ВМРО-Народна партија свои делегации имаше и во Крушево но и во сите градови каде што се одбележуваше големиот национален празник „Илинден“.

Makedonski