Утре започнува државната матура – над 15.000 матуранти го полагаат испитот по мајчин јазик и литература
Над 15.000 матуранти утре ќе го полагаат првиот екстерен испит од државната матура – мајчин јазик и литература, кој е задолжителен за сите ученици во завршна година.
Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), вкупно 15.004 ученици се пријавиле за полагање на матурата годинава:
- 
8.816 од средните стручни училишта 
- 
5.966 од гимназиите 
- 
222 од уметничките училишта 
Распределба по јазици за утрешниот испит:
- 
Македонски јазик – 9.969 ученици 
- 
Албански јазик – 4.339 ученици 
- 
Турски јазик – 292 ученици 
- 
Српски јазик – 10 ученици 
Вториот, изборен екстерен испит, ќе се полага на 11 јуни, а најголем дел од учениците избрале англиски јазик:
- 
Англиски јазик – 13.457 ученици 
- 
Математика – 1.246 
- 
Германски јазик – 73 
- 
Француски јазик – 24 
- 
Естетика – 62 
- 
Филозофија – 7 
- 
Руски јазик – 4 
- 
Италијански јазик – 3 
За спроведување на испитите ангажирани се околу 2000 тестатори, а полагањето ќе се одвива во училиштата кои ги исполнуваат условите, додека за останатите ученици обезбедени се простории во амфитеатрите на факултетите.
Августовска сесија:
Учениците кои нема да ја положат матурата во јуни, ќе имаат нова шанса:
- 
12 август – мајчин јазик и литература 
- 
14 август – изборен екстерен испит 
Локациите за полагање се објавени на веб-страницата на ДИЦ.
Успех на сите матуранти!
 
			