Основното јавно обвинителство почна истрага за фемицидот во Битола

2

Основното јавно обвинителство Битола ќе спроведе истражна постапка против мажот кој си ја уби сопругата во Битола. За 33-годишникот постои основано сомнение дека извршил кривично дело, убиство при вршење семејно насилство, односно дека ја лишил од живот неговата поранешна вонбрачна партнерка со која имал четири заеднички малолетни деца.

„Откако се осигурал дека нејзиниот татко не е во домот во кој живеела жената, осомничениот влегол во куќата додека спиела, се доближил до жртвата и и нанел десетина убоди со нож во телото, од кои таа веднаш починала“, посочуваат од ОЈО.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог и за определување притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство.

Македонски