Американскиот воен брод „Tripoli“ со 3.500 маринци пристигна на Блискиот Исток – Израел близу до уништување на 90 отсто од иранската воена индустрија
Американскиот амфибиски јуришен брод „USS Tripoli“ со 3.500 маринци пристигна на Блискиот Исток, додека Израел соопшти дека е близу до таргетирање на речиси сите клучни објекти на иранската воена индустрија. Иранското Министерство за здравство објави дека над 230 деца се убиени во израелско-американските напади.
Централната команда на САД (CENTCOM) во петокот потврди дека USS Tripoli, амфибиски јуришен брод кој превезува 3.500 маринци, пристигнал во регионот на Блискиот Исток. Бродот е придружуван од транспортни и аеро- ловци.
Според извори на CNN, присуството на Маринската експедициска единица им дава на американските команданти дополнителни опции за справување со низа можни непредвидени ситуации во регионот.
Израел: Близу до уништување на 90 отсто од клучните воени цели
Израелските одбранбени сили (ЦАХАЛ) во вторникот соопштија дека ќе ги завршат таргетирањата на речиси сите клучни објекти во иранската воена индустрија во наредните денови.
Израелското воено воздухопловство досега нападнало илјадници цели поврзани со иранската воена индустрија, покривајќи околу 70 отсто од идентификуваните локации. ЦАХАЛ вели дека сега е близу до достигнување на 90 отсто од клучните локации користени за развој на оружје кое претставува закана за Израел.
Иранската одбранбена индустрија е високо развиена и вклучува бројни воени структури и приватни компании кои произведуваат:
- Балистички ракети
- Противвоздушна одбрана
- Поморско оружје
- Сајбер капацитети
- Шпионски сателити
CENTCOM ги отфрли иранските тврдења за напад во Дубаи
Централната команда на САД категорично ги отфрли тврдењата на Иранската револуционерна гарда дека нејзините сили нападнале локации во Дубаи каде што наводно биле стационирани повеќе од 500 американски војници.
„Ниту една локација во Дубаи со американски персонал не е нападната”, изјави CENTCOM, обвинувајќи го Техеран за „создавање лаги”.
И Украина ги негираше иранските тврдења дека бил уништен украински депо за противвоздушна одбрана во ОАЕ. Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Георгиј Тихим, изјави: „Ова е лага, официјално ја негираме оваа информација. Иранскиот режим често спроведува вакви дезинформациски операции и во тоа не се разликува од Русите.”
Иран: Над 230 деца убиени, стотици здравствени објекти оштетени
Иранското Министерство за здравство објави алармантни податоци за цивилните жртви од израелско-американските напади:
Загинати:
- 244 жени
- 214 деца под 18 години, од кои 17 под пет години
- 24 здравствени работници убиени на првата линија додека изведувале медицински интервенции
Повредени:
- Околу 1.800 деца, од кои 1.731 под осум години и 61 под две години
- 4.163 жени
Оштетена здравствена инфраструктура:
- 199 здравствени установи оштетени
- 41 медицински центар погоден
- 50 амбулантни возила оштетени
- 6 болници евакуирани
Провинциите Техеран и Хормозган имале најголем број жртви, пренесе иранските државни медиуми.