Димовска отстранета од програмата за одбележување годишнини, федералистот Фејзиу прифатен без забелешка

8

Собраниската Комисија за култура и туризам едногласно го усвои предлогот поранешната министерка за внатрешни работи Доста Димовска да биде тргната од Програмата за одбележување значајни настани и личности во 2026 година, додека без ниту една забелешка е прифатено одбележувањето на 80 години од раѓањето на Милаим Фејзиу.

Нема да се одбележат 15 години од смртта на Димовска

Доста Димовска, поранешна министерка за внатрешни работи во владата на Љубчо Георгиевски и главен кадровик на тогашното ВМРО-ДПМНЕ, е отстранета од Предлог-програмата за одбележување годишнини на значајни настани и личности во 2026 година. Тоа значи дека 15 години од нејзината смрт нема да бидат институционално одбележани.

Предлогот за нејзино отстранување го поднесе пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска, а Комисијата го усвои едногласно.

Комисијата констатираше дека Институтот за историја, чиј предлог беше Димовска да биде вклучена, може самостојно да ја одбележи годишнината од нејзината смрт.

Фејзиу прифатен без дебата

Впечатливо е дека во истата програма, без ниту една забелешка, е прифатено одбележувањето на 80 години од раѓањето на Милаим Фејзиу – контроверзна фигура со неколку спорни епизоди во јавниот живот.

Фејзиу е познат како:

  • Еден од иницијаторите на референдумот на Албанците во 1992 година
  • Прв претседател на Сенатот на Тетовскиот универзитет
  • Учесник на трибината во 2021 година за основање на партијата „Република Илирида”, која се залага за федерализација на Македонија
  • Автор на изјавата „Тоа се наши деца”, изречена кога поранешни припадници на ОНА во 2001 година од тетовското Кале пукаа на безбедносните сили

Од 150 предлози – усвоени 94

Комисијата во својот заклучок предлага Собранието да одбележи 94 од вкупно 150 предлози за годишнини, доставени од 32 институции.

Македонски