Пронајдено безживотно тело на жена во Зрновци – идентитетот и причините за смртта сѐ уште непознати

20

Утрово во Зрновци е пронајдено безживотно тело на женско лице. Надлежните органи се на терен, но идентитетот на починатата и околностите под кои настапила смртта засега остануваат мистерија.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани во моментов врши увид на локацијата каде што е пронајдено телото. Првичните информации од теренот говорат дека станува збор за женско лице кое сѐ уште не е идентификувано.

Од Обвинителството потврдија дека истрагата е во тек.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани врши увид на локацијата каде е пронајдено тело на почината жена. До овој момент, починатата не е идентификувана, а причините за нејзината смрт сè уште не се утврдени“, информираат од ОЈО.

За да се утврдат точните причини за смртта, како и да се дојде до идентитетот на жртвата, обвинителството издаде наредба за вршење на обдукција.

„Ќе бидат преземени сите соодветни законски мерки за расчистување на случајот“, додаваат надлежните.

Истражните дејствија продолжуваат, а полициски екипи ја обезбедуваат локацијата додека трае увидот. Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на обдукцијата и истражните постапки.

Македонски