Македонија и Србија ја продлабочуваат соработката во јавната администрација — формирана заедничка работна група

9

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, од Белград потенцираше дека соработката меѓу Македонија и Србија во областа на јавната администрација навлегува во поконкретна фаза, со јасно дефинирани активности и механизми за реализација.

Надградба на Меморандумот од 2024 година

Минчев истакна дека средбата со српските колеги претставува важен чекор во продлабочувањето на институционалната соработка, особено во управувањето со човечки ресурси, подготовката на политики и развојот на информациските системи.

„Веќе воспоставената рамка преку Меморандумот од 2024 година сега се надградува со конкретни активности”, потенцираше Минчев.

Размена на програми и дигитално поврзување

Во фокусот на средбата беше унапредувањето на системот на обуки, при што двете страни постигнаа согласност за:

  • Размена на програми за обука
  • Воспоставување заедничка мрежа на обучувачи
  • Поврзување на дигиталните платформи за е-учење
  • Студиски посети и размена на службеници за практично споделување искуства

„Постигнавме согласност за размена на програми и создавање мрежа на заеднички обучувачи”, посочи министерот.

Заедничка работна група

За поефикасна имплементација на договорените активности е формирана заедничка работна група која ќе го следи напредокот и ќе ги координира активностите.

„Уверен сум дека оваа соработка ќе придонесе за посилни институции и поефикасна администрација во двете држави”, заклучи Минчев.

Од Министерството за јавна администрација нагласуваат дека остануваат посветени на спроведување сеопфатни реформи и професионализација на администрацијата, со цел градење ефикасни, транспарентни и услужно ориентирани институции во интерес на граѓаните.

Македонски