Пролетта официјално започува денес во 15:46 часот — променливо облачно со температури до 16 степени

19

Пролетта во земјава и на целата северна хемисфера официјално започна денес во 15 часот и 46 минути. Истовремено, на јужната полутопка настапи есента.

Првиот ден од пролетта

Првиот пролетен ден е 79-от во годината и трае 12 часа и 8 минути. Сонцето изгреа во 5 часот и 37 минути, а ќе зајде во 17 часот и 46 минути.

Пролетта ќе трае вкупно 92 дена, до 21 јуни во 10 часот и 24 минути, кога календарски започнува летото.

Какво време не очекува?

Синоптичарите за денес најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец.

  • Минимална температура: од -2 до 3 степени
  • Максимална температура: од 8 до 16 степени

Времето во Скопје

Во главниот град времето ќе биде претежно облачно со повремени сончеви периоди и умерен, повремено засилен северен ветер.

  • Минимална температура: 2 степени
  • Максимална температура: 15 степени
Македонски