Совет на општина Центар донесе два нови детални урбанистички плана — за првпат урбанистичка документација за просторот околу Калето

21

На шестата седница на Советот на Општина Центар донесени се два нови детални урбанистички плана, со што за првпат се усвојува детална урбанистичка документација за просторот околу Калето.

Советот на Општина Центар ги усвои деталните урбанистички планови за Градска четврт ЦС 14 „Кале и СРЦ Кале” и за Градска четврт ЦС 01 „Француски гробишта, Тетовска трошарина и Парк 2″.

Донесувањето на овие два ДУП-а претставува усогласување со Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012–2022.

Од особено значење е фактот дека за првпат се носи детална урбанистичка документација за просторот околу Калето, со што се отвораат можности за современо уредување и подобра просторна организација на ова подрачје.

Македонски