Владата го предложи судијата Ненад Савески за нов државен јавен обвинител

17

Владата на денешната седница го усвоила предлогот судијата Ненад Савески да биде нов државен јавен обвинител, наведуваат повеќе медиуми. Савески е поранешен обвинител, а моментално во Основниот кривичен суд ги суди случаите од организиран криминал и корупција. Официјално соопштение од Владата засега нема.

Предлогот оди во Собранието

Предлогот на Владата сега ќе биде доставен до Собранието, каде за избор на Савески ќе бидат потребни најмалку 61 глас од пратениците.

Четворица кандидати со позитивно мислење

За позицијата државен јавен обвинител се пријавија пет кандидати, а Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица од нив:

  • Анита Тополова-Исајловска – сегашна вршителка на должноста
  • Ленче Ристоска
  • Лидија Раичевиќ
  • Ненад Савески – судија во Основниот кривичен суд

Наследник на Коцевски

Савески ќе дојде на местото на Љупчо Коцевски, кој поднесе оставка од функцијата државен јавен обвинител во декември минатата година. Оттогаш, со јавното обвинителство раководи вршителката на должноста Анита Тополова-Исајловска.

Македонски